17-годишно момче се запиша во Гинисовата книга на рекорди: Запознајте го најмладиот пилот кој направи круг околу светот

17-годишно момче се запиша во Гинисовата книга на рекорди: Запознајте го најмладиот пилот кој направи круг околу светот

Роден е во семејство авијатичари...

17-годишниот пилот Мек Радерфорд, државјанинот на Белгија и Велика Британија, стана најмладиот човек кој самостојно леташе околу светот со ултралесен авион.

Со овој подвиф, Радерфорд се запиша во Гинисовата книга на рекорди, а сето тоа се случи вчера, откако тој се најде на пистата на аеродромот западно од Софија, Бугарија, каде пред пет месеци го започна неговото патување околу светот.

Покрај тоа што стана најмладата личност која сама летала околу светот, Радерфорд е и најмладата личност која летала околу Земјата со ултралесен авион, според извештајот на „AP“, пренесува „Телеграф“.

По слетувањето на аеродромот во Софија, Радерфорд изрази надеж дека неговото достигнување ќе ги инспирира младите луѓе ширум светот да ги следат своите соништа.

„Само следете ги вашите соништа, без разлика колку години имате. Работете напорно и напредувајте за да ги постигнете своите цели“ - изјави Радерфорд по изглегувањето од авионот.

Овој рекорд во женска категорија до вчера го држеше неговата сестра Зара, која во јануари на 19 години го заврши својот лет околу светот.

Мек Радерфорд го премина рекордот на Британецот Тревис Ладлоу, кој имаше 18 години кога сам леташе околу Земјата минатата година.

Патувањето на Радерфорд, кое започна на 23 март, го однесе низ 52 земји на пет континенти.

За време на патувањето тој наполнил 17 години, а за да заслужи да влезе во Гинисовата книга на рекорди, два пати го прелета екваторот.

Роден во семејство на авијатичари, Радерфорд го положи својот пилотски тест во 2020 година и стана најмладиот пилот во светот на 15-годишна возраст.

Неговото соло патување низ светот започна од Бугарија, бидејќи неговиот спонзор, компанијата за веб хостинг ICDSoft, е со седиште во Софија, и која воедно му обезбеди авион за овој проект.

Како и неговата сестра, Радерфорд летал со ултралесен авион Shark, еден од најбрзите ултралесни авиони во светот со брзина од 300 километри на час.

Овој авион, фабрички бил направен како двосед, но бил изменет за потребите на подвидот на Радерфорд, за што второто седиште биле заменето со дополнителен резервоар за гориво.


фото: Принтскрин / Јутјуб

Можеби ќе ве интересира: