17 починати пациенти примиле вакцина од производителот „Синофарм“: А, во периодот од 8 до 14 октомври од коронавирус кај нас починале 105 пациенти
Според податоците од Министерството за здравство, најголем број од лицата кои биле вакцинирани и кои починале од коронавирус имале кардиолошки заболувања и дијабет. Останатите имале белодробно заболување, бубрежно заболување, невромускуларно заболување, хипотироидизам и малигно заболување.
Имено, во периодот од 8 до 14 октомври од коронавирус починале 105 пациенти, а 75 % од нив не биле вакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во овој период 26 пациенти биле вакцинирани, а само еден од починатите немал хронично заболување и имал 80 години, информира Министерството за здравство.