18-годишна девојка им соопшти на родителите дека е бремена: По оваа објава единствено таа беше целосно шокирана
Емили решила да им каже на родителите дека чека дете на 18 години
„Добро, моите родители се подготвуваат да го гледаат филмот, па сега ќе ги викнам и само ќе им кажам...“ – започна таа во своето видео. - Мамо, тато, може да дојдете за момент? Подобро да седнете... Ќе ме сакате без разлика на се‘, нели? ги праша таа потврдно кимајќи со главата.
@embarnes6 Reply to @dalylaprice telling my parents #TheAdamProject #TurboTaxAlphorn #SchickAsks original sound - EmBarnes03
- Во ред. И ветувате дека нема да ми се налутите? - продолжи таа и, не чекајќи одговор, весело рече: - Бремена сум! - Емили! извика татко ѝ, неочекувано весел. „И мајка ти е бремена“! Притоа, тој ѝ го покажал на ќерка си позитивниот тест за бременост од мајка ѝ, додека таа му го покажала својот, со неверување и се обратила на мајка си: „Ма ајде! Ма, не си навистина“... „Сериозно сум“.., одговорила нејзината мајка.
@embarnes6 original sound - EmBarnes03
- Би рекла дека добро го примија ова! - напишала девојката во коментарите на сопственото видео, а следбениците ги интересирало дали нејзините родители веќе знаеле за нејзината бременост, бидејќи татко ѝ веќе го држел позитивниот тест на нејзината мајка... Емили објаснила дека штом тестот покажал „ +' веднаш ѝ кажала на мајка си, која очигледно веднаш му ја пренела веста на нејзиниот татко ...
Фото и Видео: ТикТок