18 работи кои мора да ги направите до полнолетството: Најважно е да бидете свои

18 работи кои мора да ги направите до полнолетството: Најважно е да бидете свои

Објавена во: Совети // Другарство

Иако адолесценцијата е неспорно стресна, кога ќе пораснете ќе сфатите колку е навистина безгрижно и убаво што секогаш ќе се сеќавате на тој период од животот. За да бидете сигурни дека максимално ќе ги искористите деновите до тој голем број - 18, ќе ви помогнеме со листата од 18 работи што треба да ги направите пред да ги наполните застрашувачките и возбудливи осумнаесет години.

# Посетете место чие име не можете ни да го изговорите

Дури и ако се наоѓа во вашето соседство или во некој град / село покрај вашето, посетете сè што сè уште немате. Тоа е интересен начин да го пополните слободното време и да запознаете други луѓе.

# Фотографирајте се секој ден

Фотографиите отсекогаш биле вечен спомен! Еден ден, кога ќе бидете во подоцни години, ќе сакате да се потсетите на секој момент од вашата младост, а тоа ќе можете да го направите со само еден поглед кон старите фотографии.

# Присуствувајте барем на еден музички фестивал

Не мора тоа да биде фестивалот „Exit“. Секој музички фестивал е забавен и има свои привлечности.

# Одморете се од социјалните мрежи

Научете да ги цените работите што не се на Интернет. Забавувајте се без да гледате во вашиот мобилен телефон.

# Поминете ја целата ноќ со пријателите

Без разлика дали правите училишен проект или сакате само да се забавувате и да се дружите, обидете се да организирате такво дружење барем еднаш годишно. Ќе ви недостасува вакво дружење еден ден, верувај ми.

# Bungee jumping... дефинитивно треба да пробате

Победете го стравот, осмелете се, можете да го направите тоа! Ако ова е премногу екстремно за вас, пааа… одете на paintball.

# DIY ден

Секој од вас знае како да направи нешто, сигурни сме во тоа. Разбудете ја вашата креативна страна и уживајте.

# Истрчајте ги првите пет километри

Без оглед колку долго трчате рекреативно, одлуката да ја завршите трката на 5 километри може да биде одлучувачки момент во вашиот живот. Тркачката средина е многу стимулативна, а вие исто така имате можност да поддржите некоја хуманитарна акција што ја сакате.

# Научете да составите Рубикова коцка

Верувајте ни, колку и да ве намачи нејзиното составување, на крајот ќе бидете горди на себе.

# Организирајте кампување со вашите најблиски пријатели

Скара, пешачење, разгледување и запознавање на природата, но и пријателите… Тоа е суштината на ваквото дружење. Излезете од дома и кафулињата, чист воздух, клокотлива река и вие... Совршено поминато време.

# Запишете се на курс за самоодбрана

Секоја девојка треба да знае како да се одбрани... Овој вид на вежби е добар за целото тело, така што вие, ќе убиете две муви со еден удар. 

# Одете на матура

Дури и ако не сте голем љубител на ваквите собири, прославата за матура не треба да се пропушти. Еден ден ќе ви биде жал што не заокруживте една страница од вашиот живот. Да, точно. На матурата, заедно со дружењето, ќе имате можност со вашите соученици уште еднаш да го видите што е зад вас.

# Кажете некому дека го сакате

Отворете го срцето, кажете го тоа и не плашете се. Љубовта е убава.

# Направете нешто добро за вашиот град

Вклучете се во хуманитарна акција, поддржете ги вашите сограѓани во некои активности, засадете цвеќе во паркот… Придонесете за местото каде што растете.

# Искусете и поминете го раскинувањето

Секој од нас поминаl низ тоа, а исто и вие. Само бидите храбри и не грижи се… Скршеното срце заздравува брзо. Ова ви го кажуваме од искуство.

# Зачувајте слика од вашето прво милениче

Ќе ги сакате сите после него, но никогаш нема да ја почувствувате таа врска со ниту еден како со вашиот прв миленик.

# Не грижете се за тоа што мислат другите луѓе за вас

Настојувате да бидете одговорна, вредна личност. Се обидувате да бидете среќни и секогаш го давате својот максимум. Луѓето секако ќе зборуваат, затоа потрудете се секогаш да имаат материјал, но добар. 

# Бидете свои

На крајот, ова е единственото нешто што е важно.


Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: