20 милиони за 2 дена: Били Ајлиш на „трендинг“ со најавната песна за Бонд филмот
Како Греми наградите да не и беа доволни, Били по неколку дена „растури“ со настапот на Оскарите. Покрај звучните имиња како Еминем младата пејачка запеа за време на паузата од говорите, номинациите и наградите.
Толку млада, а сепак успешна. Кантавторката Били Ајлиш ја доби честа да ја отпее и напише најавната песна за 25 - тото продолжение на франшизата Џејм Бонд: No Time to Die. Песната ја јутјуб платформата стана вистински хит, а досега има повеќе 20 милиони прегледи. Во нашата држава на „трендинг“ е 7 - ма по ред, што дава надеж дека во Македонија се слуша и квалитетна музика.
„Лудо е дабидеш дел од тоа во секој поглед. Голема е честа да бидеш во состојба да направиш тематска песна за филм кој е дел од толку легендарен серијал. Џејмс Бонд е најдобрата франшиза која постои. И понатаму сум во шок“ - неодамна изјави Били за овој проект.