20 забавни цели кои треба да си ги поставиш во новата година!
Секогаш ја дочекуваме следната година со оние стереотипни одлуки од типот „ќе ослабнам 5 килограми“, кои на самиот старт не обесхрабруваат. Зошто еднаш за промена не си поставиме некои забавни цели, кои ќе не мотивираат, а потоа ќе бидеме во состојба многу повеќе да направиме, па дури и да ослабнеме, доколку тоа ни е важно?
Ти нудиме неколку предлози, а на тебе оставаме да си одбереш барем неколку цели кои ќе си ги поставиш за оваа 2021 година.
# Ќе си купувам цвеќе еднаш месечно.
# Ќе научам да сликам.
# Секој ден на некој ќе му давам комплимент.
# Ќе се смеам скеој ден.
# Многу време ќе поминувам со вистинските пријатели.
# Ќе научам да правам вкусни колачи и ќе ги правам често.
# Ќе започнам некое ново хоби.
# Ќе си направам неколку професионални фотографии.
# Драстично ќе ја променам фризурата.
# Ќе танцувам секој ден.# Ќе облекувам гардероба која отсекогаш сум ја сакал/а, а досега не сум ја носел/а.
# Ќе правам нова плејлиста на омилени песни за својот мобилен секој месец.
# Ќе научам да готвам.
# Ќе волонтирам.
# Ќе правам забава барем двапати годишно.
# Ќе играм повеќе друштвени игри.
# Ќе се допишувам со некој преку испраќање писма по пошта.
# Ќе ги избегнувам луѓето кои не ми одговараат.
# Ќе го организирам друштвото да одиме на кампување.
# Повеќе ќе читам.