23 години околу сонцето: Ања Ветерова родененот го прослави со најблиските пријатели (ФОТО)
Роденденот го прослави во Америка...
Изминатите две години, поради пандемијата на коронавирусот, сите моравме да ги откажеме роденденските прослави. Но, за среќа, сега тоа е зад нас, па полека се враќаме на нормалниот живот.
Така, оваа година, пејачката Ања Ветерова си доби роденденска прослава со најблиските пријатели. Забавата ја организираше во ресторан во Соединетите Американски Држави, а таму, заедно со уште 5 пријатели наздрави во чест на своите 23 години.
За роденденот, Ања одбра да носи кратко црно фустанче со светки, кое го имаше искомбинирано со чевли со висока потпетица. Косата ѝ беше врзана во пунџа, а со црната мини чанта и сребрените обетки само го заокружи целиот изглед.
„23 години околу сонцето“ - напиша Ања покрај фотографиите од роденденската забава.
фото: Принтскрин / Инстаграм