25-годишна девојка боледува од ретко нарушување во исхраната: 22 години јаде само пилешки медаљони и чипс

25-годишна девојка боледува од ретко нарушување во исхраната: 22 години јаде само пилешки медаљони и чипс

Објавена во: Живот // Живот

Самер Монро (25) има необичен начин на исхрана поради која многумина ја осудуваат и ѝ велат дека е препирлива. Имено, таа веќе 22 години јаде само пилешки медаљони и чипс, но не бидејќи така одбрала.

Самер има екстремна фобија од храна, позната како ARFID, рестриктивно нарушување на избегнување на храна. Кај неа тоа толку интензивно се манифестира, што во една прилика одбила околу 80.000 денари за да изеде зрно грашок.

Се верува дека со оваа болест почнала да се бори кога на три години била присилена да јаде компир. Ова предизвикало огромен страв од овошје и зеленчук, до таа мера што не можела ни да ги гледа споменатите намирници, а да не ѝ предизвикаат нагон за повраќање.

Таа се обидела да се излечи со разни пристапи, но смета дека никогаш нема да може да го надмине тој страв.

„Сѐ што јадам се пилешки медаљони или чипс. Не јадам овошје и зеленчук. Не можам да се сетам кога последен пат сум јадела, би кажала дека имав околу три години.

Се обидував да јадам овошје и зеленчук, да земам малку јаболко, но едноставно не можам. Не е дека не сум се обидувала. Едноставно ми е тешко, постои дел од мојот мозок кој физички тоа не ми го дозволува“ - кажа таа за еден британски медиум.

Самер секој ден го прескокнува појадокот, за појадок јаде едно пакување чипс, а за вечера од шест до седум пилешки медаљони. Таа живее со партнерот Дин Мекнајт (26) и секој ден подготуваат два различни оброци. Доколку излегуваат, таа јаде само чипс. Зеленчук и овошје во организмот не внела 22 години.

„Можам да јадам само тенки компирчиња и мора да бидат многу крцкави. Дури и ако јадам медаљони, мораат да бидат крцкави“ - раскажа таа.

Покрај ваквиот начин на исхрана, Самер инсистира на тоа дека е здрава и дека не зима никакви витами или суплименти.

Минатата година ѝ се случило во медаљоните да види жила од месо, поради што не јадела три месеци.

„Многу велат дека се изненадени со тоа што никогаш не сум болна. Исто така, многу сум расположена и среќна личност и луѓето не сфаќаат од каде ми е енергијата. Мојата исхрана не влијае на физички на мене, но но влијае ментално.

Не се чувствувам болно, ги направив сите анализи и сѐ е во ред. Ни докторите не ја разбираат мојата состојба. Велат дека сум добро, бидејќи внесувам протеини од пилешкото месо, а немам ни вишок килограми од истатата причина“ - заклучи оваа девојка.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: