2.6 милиони прегледи за една недела: Тригодишно девојче ги знае напамет сите возачи на Формула 1 (ВИДЕО)

2.6 милиони прегледи за една недела: Тригодишно девојче ги знае напамет сите возачи на Формула 1 (ВИДЕО)

Децата можат да запаметат неверојатна количина на информации кога ги интересира некоја тема, како ова девојче кое стана вирален хит на ТикТок бидејќи ги знае сите најдобри возачи на Формула 1, и тоа по име и презиме. Видеото кое го објави нејзината мајка, Кери Мејсон покажува дека тригодишното девојче може да наброи повеќе од 20 возачи (кога ќе се побара тоа од неа).

Облечена во преслатки пижами со еднорог, додека седи на каучот, таа самоуверено изговара имиња како она на Ајртон Сена, Луис Хамилтон, Фернандо Алонсо, Себастијан Фетел и Чарлс Леклер, а на ова не останаа имуни корисниците на социјалните мрежи.

Видеото за кратко време стана вирално, а моментално има 2.6 милиони прегледи.

@kerry92mason 3yrs old and knows her #f1 drivers #f1tiktok  #maxverstappen #lewishamilton #f1drivers original sound - Kerry Mason

фото: Принтскрин / ТикТок

Можеби ќе ве интересира: