265 километри од Екватор: Погледнете што објави Северина пред да дознае за грабежот
Пејачката веќе некое време на социјалните мрежи објавува фотографии од Малдивите, а истото го направи и завчера пред да дознае за грабежот...
На познатата пејачка Северина Којиќ понеделникот ѝ го ограбија станот. Во доцните попладневни часови е откриено дека непознат сторител влетал во станот на пејачката во Загреб, а веста ја потврдија и од ПР тимот на Северина. За среќа, штетата е само материјална, а Северина наводно останала без накит.
Пејачката веќе некое време на социјалните мрежи објавува фотографии од Малдивите, а истото го направи и пред да дознае за грабежот.
„265 километри од Екватор“ - напиша во описот на фотографијата на која позира покрај водата.