3 карактеристики кои ги прават мартовските деца посебни: Родени да бидат шефови
Што мислите - дали пролетните деца се оптимисти или песимисти?
Со месец март пристигнува пролетта, а со неа и родендените на децата родени овој период. Еве што покажаа истражувањата за луѓето родени во овој месец.
Шефуваат
На основа на испитувањата во кои биле вклучени 375 директори, најмногу од нив биле родени во март, па постои голема веројатност дека вашето бебе еден ден ќе израсне во успешен бизнисмен.
Ноќна птица
Според податоците на едно истражување, децата родени за време на пролет и лето во просек подоцна си легнуваат во однос на луѓето родени на есен и зима.
Родени оптимисти
Според истражувањата во 2014 година, децата родени во месец март кога ќе пораснат стануваат луѓе со позитивен поглед на светот и вроден оптимизам.