38 години откако Брена падна на сцена: Овој детаљ и денес им е пресмешен на сите

38 години откако Брена падна на сцена: Овој детаљ и денес им е пресмешен на сите

Објавена во: Живот // Живот

Твитерџиите се сетија на малата незгода на пејачката, па пред неколку дена традиционално го одбележаа...

Малите несреќи и непријатни ситуации им се случуваат на сите, вклучително и на најголемите ѕвезди. Она што ѝ се случи на пејачката Лепа Брена, иако беше пред скоро 40 години, сè уште се прераскажува и денес.

Имено, на концерт во Мостар, додека танцуваше, Лепа Брена ја крена ногата и со силата се удри во главата! Пејачката тогаш падна среде големата сцена, но веднаш стана и продолжи да пее, како вистински професионалец.

Големите обожаватели на Брена и оние со добра меморија, пред неколку дена го споделија ова легендарно видео на социјалните мрежи.

„Засекогаш смешно“, „Секогаш сум воодушевен што го гледам ова видео. Тој професионализам на музичарите. Никој не трепна, туку свири понатаму. Ако останеше да лежи на подот, некој веројатно ќе го земеше микрофонот и тие со нозе ќе ја истуркаа од сцената. Но, музиката не би застанала. Браво за музичарите“, „Најдоброто видео, откако постои светот, векот и интернетот“, „Автогол“ -  беа само дел од коментарите.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: