4 факти за смеењето поради кои уште повеќе се смееш!
Кој не сака „добро“ да се насмее, дали додека гледа некоја комедија, пранк на YouTube или едноставно раскажувајќи интересни моменти со пријателите?
Смеењето е лековито, a уште одамна докторите утврдија дека делува позитивно на нашата психа. Смеењето е „заразно“, а тоа сигурно го имате доживеано многу пати кога во вашето друштво некој ќе започне да се смее.
Во продолжение прочитајте 4 интересни факти за смеењето, кои најверојатно досега не сте ги знаеле.
# Некои истражувања покажале дека децата се смеат околу 100 пати дневно, додека возрасните тоа го прават само 15 - тина пати.
# Вилијам Фрај, кој се занива со истражување на смеењето, вели дека ритамот кој неговото срце го постигнува по 10 минути веслање, со само 1 минута громогласно смеење го постигнува истото.
# Тајландката Jittarat Wongsomboon на едно натпреварување во смеење, без да престане се смеела 12 минути и 26 секунди, а висината на најгласното смеење изнесувало околу 110 децибели.
# Смеењето кај бебињата се развива веќе во третиот месец од животот. Има ли нешто послатко од гласно смеење на бебе?