4 земји имаат најнеобични традиции за Божиќ!
Поголемиот број луѓе на Балканот имаат слична традиција за Божиќ. Китење на елка, украсување на куќата, собирање со пријателите и семејството, како и отварањето подароци. Но, има и такви држави во кои луѓето празниците ги поминуваат на еден поинаков начин. Dogonews одвојува 4 држави кои имаат навистина необични обичаи. Па да почнеме.
Филипини – секоја година во сабота пред Божиќ, филипинците имаат фестивал на светилките. Жителите на 11 села смислуваат светилки со кои се натпреваруваат во најзабавното натпреварување. Овој 110 годишен фестивал стана толку популарен што градот во кој што се оддржува го нарекуваат „Божиќен центар“.
Шведска – уште од 1996 година, во градот Гавле, Божиќ се прославува со градење на огромна фигура на коза. Според верувањата на локалните жители, козата Yulе му помагала во делењето подароци на Дедо Мраз.
Јапонија – Божиќ не е национален празник во Јапонија, но тоа не ги спречува да го прославуваат тој ден. Традицијата на јапонците е малку необична, бидејќи за божиќниот ручек одат во најпознатиот ланец на ресторани во светот, KFC.
Италија – децата во Италија не го очекуваат Дедо Мраз, туку божиќните вештерки. Вештерките, кои во Италија ги викаат „La Befana“, на добрите деца им носат колачиња, а на лошите јаглен.