40 дена локумадес: Сара Мејс и Димитар Атанасовски повеќе од еден месец уживаат покрај малиот Кирил (ФОТО)
На среќата ѝ нема крај...
Пејачката Сара Мејс и водителот и маркетинг менаџер Димитар Атанасовски на крајот од јули станаа родители по втор пат. Сара на свет го донесе нивниот син - Кирил, а среќната вест ја споделија на социјалните мрежи.
Денес, мама Сара откри дека малиот Кирил полни 40 дена, а тоа го направи на стори на својот Инстаграм профил.
„40 дена локумадес“ - напиша Сара покрај фотографијата од нивниот наследник.
Инаку, пред неколку дена пејачката и водителот прославија пет години во брак, а како плод на нивната љубов освен Кирил е и нивната првородена ќерка Илина.
фото: Принтскрин / Инстаграм