5 апликации кои работниците во Apple секогаш ги бришат од својот Ајфон, бидејќи трошат батерија и Интернет
Доколку екранот на Ајфонор ви е преплавен со апликации, постои голема шанса многу од нив да ви трошат батерија и интернет повеќе отколку што би требало.
Во продолжение ви даваме неколку совети од вработените во Apple и откриваме кои апликации тие никогаш ги немале на својот телефон, бидејќи не им се потребни.
# Апликации за шопинг
Можеби често сте во искушение да симнете апликации од своите омилени продавници и веб страници за шопинг, но тие ве поттикнуваат да прошите пари. Доколку планирате да заштедите, ова се првите апликации кои треба да ги избришете.
# Фејсбук
Во прашање е апликација која буквално ја јаде батеријата. Фејсбукот троши огромна количина од ресурсите на телефонот, ја зафаќа интернет меморијата и го следи секој ваш чекор на интернет – а сево ова ви ја загрозува и вашата приватност.
# Фејсбук месенџер
Исто како и Фејсбукот и оваа апликација ја троши батеријата и ресурсите на телефонот.
# Игри
Доколку имате голем број на игри со прекрасна графика на вашиот телефон, можеби би требало да го намалите нивниот број. Колку подобро изгледа играта, толку повеќе ја троши вашата батерија.
# Апликации кои никогаш не ги користите
Иако ова се чини логично, многумина од нас на телефоните имаме барем неколку апликации кои само еднаш сме ги отвориле и никогаш повеќе. Овие апликации ја зафаќаат интернет меморијата, но многу од нив ги трошат и ресурсите и интернетот бидејќи работата во позадина, дури и кога не ги користиш.