5 летни фризури за шик и модерен изглед на +35 степени: Пробајте ги верзиите за тенка коса кои ќе ја одбележат сезоната (ФОТО)
Сакате промена на косата ова лето? Тенката коса може да ја оживеете со помош на овие 5 фризури кои ќе го одбележат ова лето.
Шампоните за зголемување на волуменот и чешлањето во спротивен правец во однос на патецот, на долга стаза ги ублажуваат проблемите со тенката и без живот коса, но ништо помементално не го освежува изгледот како фризурата која самата по себе ќе го зголеми волуменот на косата.
Сепак, колку пати ви се случило да сте воодушевени со некоја фризура, но предвреме да сте се откажале од шишањето, бидејќи тоа едноставно не стои добро на тенка коса? Затоа денес имаме решение за вас.
За тенката коса потребно е да имате добра идеја за фризура доколку сакате да ги избегнете секојдневните обврски и грижа околу повеќечасовното седење во фризерски салон.
Тенката коса често изгледа како без живот, но со вистинската фризура, косата може да ви биде побујна и полна со волумен, како тукушто исфенирана. Еве кои се нашите предлози:
# „Paper-cut“ боб
Рамен боб кој нема никакви назнаки за степенасто шишање. Не само што оваа фризура секогаш изгледа шик, туку може да биде и одличен избор доколку посакате промена од долга коса или омбре техниката за фарбање. Бидејќи, еднаш кога ќе се ишишате, косата ќе ви изгледа поздраво и посјајно.
Исто така, ако имате тенка коса, ќе се создаде ефект - оптичка илузија и на косата визуелно ќе ѝ даде поголем волумен, поради што ќе изгледа погуста и побујна.
# Разбушавена пикси
Немојте да се плашите од кратката коса. Особено ако вашиот избор е разбушавената пикси фризура. Не само што косата ќе ви изгледа побујно, туку и ќе биде прелесна за стилизирање. Додајте црвен кармин и нема да останете незабележани.
# Степенасто долга коса
Сепак, доколку не сакате да се откажете од својата долга тогаш, тогаш е потребно нејзиното тенко влакно да го ишишате на степени, за да добие на волумен. Со таквото шишање, косата ќе добие многу повеќе слоеви, отколку што инаку поседува, поради што ќе изгледа побујно, а со самото тоа и помалку ќе се мрси.
Ваквата фризура, исто така е едноставна за одржување и не бара константно фенирање и стилизирање.
# Лоб фризура
Ако сепак сакате малку подолга коса и не се осмелувате да се ишишате кратко, долгиот боб, односно боб до рамена кој се нарекува „лоб“, ќе биде идеален.
Лоб фризурата лесно се стилизира, а изгледа убаво и кога е рамна и кога е брановидна. Секако, Французинките ја обожуваат.
Исто така, со оваа должина на коса пожелна е и асиметрија - едната страна да е подолга, другата пократка. Така ишишана косата изгледа побујно, а фризурата секогаш ќе ви биде полна со волумен.
# Бранови и патец на страна
Првата и најважна работа - обрнете внимание првиот преден прамен да ви биде префрлен на една страна за добиете поголем волумен во коренот, бидејќи ако се спишти, целата фризура ќе ја изгуби својата форма. Ако на сето тоа додадете бранови, вистинската летна фризура за тенка коса е готова!
фото: Принтскрин / Инстаграм