5 паметни начини да ја прашаш симпатијата за телефонскиот број!
Она што навистина, ама баш навистина го сакаш е да го имаш телефонскиот број на твојата симпатија. Сакаш да се допишуваш и слушаш секојдневно. За да го добиеш нејзиот број, мора да имаш добра причина за тоа, а ние ќе ти помогнеме. Среќно!
# Домашна задача - ова е наједноставниот начин. Доколку твојата симпатија е од твоето одделение или клас, може без проблем да и побараш број за да ти помогне околу домашната задача. Доколку се разбориш или од некои причини не можеш да дојдеш на училиште, еве неколку причини за да размените пораки. Или работете во иста група на некој проект. Уште подобро. Земете и го телефонскиот број за да се договорите околу проектот.
# Надвор од училиштето - ја гледаш симпатијата пред или после училиште, но никако да се најдете во исто време на исто место... Пробај да и ги дознаеш какво хоби има, со што се занимава во слободно време, па и ти заинтересирај се за истото. Тоа е добра шанса за да размените телефонски броеви.
# Музика, филмови, ТВ серии - знаеш дека ти и твојата симпатија гледате исти филмови или следите исти серии... тоа е одлично! Поразговај со неа за тоа, одушеви ја со познавањето на истите, па можете и така да размените телефонски броеви за да можете да коментирате за музиката која ја сакате или за филмовите и сериите. На овој начин ќе се зближите уште повеќе.
# Натпревари - голем број момчиња обожаваат да следат спорт, па интересно им е кога и девојките се интересираат за тоа. Прашај ја твојата симпатија да ти пренесе што се случило на последниот натпревар, бидејќи не си стигнала да ја изгледаш поради обврски. Кажи дека би сакала да ги знаеш резултатите или што се случило.
# Заедничките пријатели - доколку имате заеднички пријатели, тоа е најдобар начин за вие двајца да се зближите. Пробај да ги убедиш заедничките пријатели да направат групен „чет“, за да можете вие двајца да стапите во контакт. Тогаш кога ќе стапите во контакт, се ќе биде многу полесно.