5 спални соби, 3 бањи, стаклена тераса: Анастасија Ражнатовиќ уловена пред љубовното гнездо до 200 метри квадратни

5 спални соби, 3 бањи, стаклена тераса: Анастасија Ражнатовиќ уловена пред љубовното гнездо до 200 метри квадратни

Објавена во: Живот // Живот

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ наскоро со своето момче Ѓорѓе Кулиќ ќе се всели во луксузен стан во новоизградениот стамбен комплекс во срцето на Белград, а младата пејчака пред вселувањето ги контролира работите во луксузната зграда.

Екипата на „Папарацо лов“ ја улови Анастасија на Дорчол, каде извесно време се задржа во фризерски салон. Додека ѝ ја средуваа косата, таа пиеше пијалок и се допишуваше на својот мобилен телефон.

Од салонот излезе во потполно поинакво издание, а не се задржуваше многу, туку веднаш седна во автомобилот и замина кај својот шминкер.

Потоа продолжи во семејната вила во „Љутице Богдан“, по што се упати на еден настан во градот.

Утредента, Анастасија во спортско издание пристигна на градилиштето, каде проверуваше како оди работата во станот, со која би требало да се при крај.

Како Анастасија го помина денот, но и како изгледа зградата во која ќе живее, погледнете во продолжение: 


Инаку, новото љубовно гнездо на Анастасија и Ѓорѓе се простира на околу 200 метри квадратни.

„Купија два стана од по 100 квадрати, кои се наоѓаат еден над друг и направија дуплекс. Имаат пет соби, неколку бањи и огромна дневна соба, како и стаклена тераса. Ентериерот го одбраа одамна, ја реновираа кујната и сега уживаат“ - кажа извор неодамна за медиумите.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: