50.000 евра за игралиште: Откриени сите детали за новата инвестиција на Александра Пријовиќ и Филип
Популарната двојка реши да вложи во правење на игралиште...
Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ неодамна го прославија вториот роденден на синот, а сега е откриено дека подготвувиле нова инвестиција од дури 50.000 евра.
Имено, станува збор за изградба и опремување на детско игралиште кое се наоѓа спроти нивниот ресторан на Дедиње, а според зборовите на изворот, на ова место некогаш се наоѓал објект кој припаѓал на месната заедница, но изгорел во пожар во март мината година.
Набрзо по несреќата, теренот е расчистен, а тој дел од зградата е срушен и плацот е понуден за закуп, а семејството Живојиновиќ за тоа издвоиле голема сума на пари.
Игралиштето е наменето, пред се за гостите кои доаѓаат во нивниот ресторан, кој моментално не работи поради пандемијата на коронавирусот.
„Ресторанот работеше добро, секогаш имаше луѓе. Ова игралиште за децата го направила минатата година, но како што гледате тука сега си играат децата од соседството. ТИе вложија многу пари во тој ресторан и ова игралиште ги чинеш емногу. Сигурно се во губиток, бидејќи не работат како што планираа. Не сум ги видел Александра и Филип да дојдат во ресторанот“ - рече еден од соседите за медиумите.
Освен игралиштето, Живојиновиќ го искористија времето за да вложат и во самиот ресторан, па направија и паркинг за гостите кои доаѓаат во објектот.