6 знаци дека врската со тебе му е здодевна!

6 знаци дека врската со тебе му е здодевна!

Објавена во: Совети // Boys and Girls

На почетокот на секоја љубовна врска, сѐ изгледа одлично. Чувствуваш пеперутки во стомакот и едвај го чекаш секој ваш заеднички момент. Сепак, со текот на времето, врската може да продолжи во погрешен правец. 

Како што пишува EliteDaily, долгогодишната врска има многу предности. Го запознаваш својот партнер во потполност и учиш како да функционираш со неговите добри и лоши страни. Истовремено, во една соба имаш и момче и најдобар пријател, но она што за жал често се случува со долгите врски е монотонијата.

Во најлош случај, ќе се заштити само едната страна поради што другиот парнер би можело да биде причично повреден, а ова се неколку знакови кои упатуваат на тоа дека на твоето момче повеќе не си му број еден:

# Не покажува радост и возбуденост на добрите вести кои тебе те прават среќна.

# Изгубил интерес за заедничкото пробување на нови работи.

# Со тебе поминува се помалку време.

# Не ти ги поставува оние секојдневни прашања од типот на „Како си?“ и „Како го помина денот?“.

# Кога сте заедно не престанува да гледа во телефон.

# Кога пробуваш сериозно да разговараш со него, го избегнува разговорот велејќи ти дека си досадна, напорна и дека драматизираш без причина.

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: