60.000 лајкови за жената која го даде животот: Војаж ја покажа мајка му и јавно ѝ вети едно нешто
Пејачот ги воодушеви следбениците со новата објава, а под фотографијата на Инстаграм ѝ упати емотивни зборови на најважната жена во животот...
Михајло Веуровиќ Војаж се фотографираше со мајка му за Инстаграм, а со објавата ги воодупеви своите следбеници и собра повеќе од 60.000 лајкови.
Освен што изгледот на неговата мајка ги воодушеви сите, тој ѝ упати и емотивни и убави зборови, кои исто така ги воодушевија неговите следбеници. Жана Веруовиќ доби пофалби за младоликиот изглед, а на Војаж му порачаа дека убав како неа.
„Единствената жена на која ѝ го должам животот. Личноста која ме научи на сите вредности кои ги поседувам и која се погрижи да израснам во маж кој засекогаш ќе ги почитува жените. Од првиот чекор, првиот проблем, првиот успех и првиот милион. Сè и должам на неа! Мамо, ти благодарам, ветувам дека никогаш нема да се разочараш и дека ќе бидеш најгордата мајка на светот“ - напиша младиот пејач покрај фотографијата. Гордата мајка му одговори на синот со следните зборови: „Сине мој, се роди од нашите соништа и стана наша вечност“.
Може да ве интересира:
Неговиот татко примил куршум за познат политичар: Војаж ја откри својата бурна животна приказна