7 моќни причини зошто косата ти е сува за време на летото: Како да го решиш секој од тие проблеми?

7 моќни причини зошто косата ти е сува за време на летото: Како да го решиш секој од тие проблеми?

Објавена во: Мода // Moj стил

Сувата кожа не е убава, но еве како да и ја дадете потребната нега во летните месеци...

Иако можеби помисли дека проблемот со сувата кожа може да биде најголем непријател само во зима, се лажеш. И во летните топли месеци е можно да се соочиш со неверојатно сува кожа, а за тоа може да биде виновна некоја од овие 7 причини:

# Не се тушираш по капењето во базен

Како надвор е +30 степени, а ти си заглавена низ градот, далеку од песочните плажи и разладувањето во вода, единствена опција ти е разладувањето во базен. Добра идеја, но не и за твојата кожа, особено доколку по базенот не се истушираш и добро да ги измиеш остатоците од „базенот“ од тебе. Хлорот кој се наоѓа во водата во базените ќе ја исуши твојата кожа и коса. Затоа откако ќе излезеш од базен веднаш влези под туш.

# Забораваш да ја хидратизираш кожата откако ќе поминеш цел ден на сонце

Без разлика дали деновите ги поминуваш на плажа или на градските улици, за време на летото сигурно ќе бидеш изложена на сонце, а тогаш сонцето е посилно отколку во остатокот од годината. Освен што никако не би требало да ставиш крема во УВ заштита кога излегуваш на сонце, исто така треба да се погрижиш за негата на кожата и кога ќе се вратиш дома. Откако ќе се истушираш, намачкај го телото со хидратантен лосион кој ќе ја нахрани твојата кожа, а особено ќе треба да обрнеш внимание на одредени делови од телото, како што се колената и лактовите, бидејќи тука кожата најмногу се суши и изгледа непривлечно.

# Почесто бричење на телото

Бричињето ја суши и иритира кожата, тоа сигурно веќе го знаеш, а за време на летото ова може да ти создаде уште поголеми проблеми на кожата, бидејќи сигурно се бричиш почесто. Она што не треба да го заборавиш е дека на кожата ќе и треба дополнителна нега. Од редовен пилинг на кожата и лосиони за телето, до користење на гелови за бричење. Ова не е време кога ќе сакаш да ги бричиш нозете без никаква крема или гел. 

# Капење во море

Исто како капењето во базен, така и капењето во море носи свои проблеми. Солта од морето исто така ги остранува природните масла од твојата кожа, ја суши и ја остава без хидратација. Она што со морската сол е дополнителен проблем е тоа што нема потполно да се отстрани доколку само се истушираш, па поради тоа освен туширањето, редовното користење на лосион за тело треба да ти биде задолжителна обврска.

# Потење

Сигурно се прашуваш како потењето влијае на сушењето на кожата, бидејќи тоа нема смисла. За време на летото кожата ни станува помрсна отколку во зима, поради количината на пот и топлина на кои сме изложени. Ова два фактори може да влијаат на појавата или зголемување на бројот на акни, што ќе доведе до иритација на кожата и на крајот дополнително ќе ја исуши товјата кожа. Затоа секојдневно миј го твоето со сапун.

# Клима

Колку и да ни е омилена климата како уред во текот на летото, истата има многу негативни последици, а една од нив се однесува на твојата кожа. Со оглед на тоа дека климата го суши воздухот, кога си премногу изложена на неа и твојата коса ќе почне да чувствува. Иако си во разладена просторија и ти е удобно, не смееш да заборавиш да пиеш многу вода и да внатрешно да го хидратизираш твоето тело.

# Не пиеш доволно течности

Важно е да користиш хидратантни креми и лосиони за кожата, но исто толку е важно и да пиеш доволно вода. Во летните месеци се препорачува да ја намалиш конзумацијата на кафе и алкохолни пијалоци, а да пиеш многу вода. Имај шишенце со себе каде и да одиш, па дури и дома нека има секогаш шише вода до тебе. Така редовно ќе се потсетуваш дека треба да пиеш течности.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: