7 начини како да и покажеш на симпатијата дека ти се допаѓа!
Во твојот живот се појавила некоја личност која ни за момент не ти излегува од главата? Време е да му/и кажеш дека нешто чувствуваш!
# Обиди се да ја насмееш – хуморот е навистина од непроценлива вредност. Кога ќе пробаш да „дофрлиш“ нешто „кул“ во близина на твојата симпатија само со причина да ја насмееш, тоа би можело да биде јасен знак дека нешто чувствуваш.
# Започни разговор – прв/а приближи се и започни каква било тема. Разговорот секогаш ги зближува луѓето и кога пробуваш да го започнеш покажуваш дека ти е важен тој/таа.
# Понуди помош – има ли некоја вештина која ја знаеш подобро од твојата симпатија. Понуди се во давање на приватни часови, од каде знаеп може ќе се случи нешто помеѓу вас.
# Слушај ја заинтересирано – впивај го секој збор со поглед и со гестови. Симпатијата ќе види дека ја гледаш и слушаш поинаку од другите.
# Додели комплимент – убавиот збор ги отвара сите врати, а во овој случај би можела да се отвори и вратата на срцето на твојата симпатија.
# Вклучи ја во заеднички проект – пронајди нешто во што би можеле заедно да учествувате со твојата симпатија. Тоа би можело да ве поврзе и да го поддигне вашиот однос на едно повисоко ниво.
# Остварете што повеќе спонтани допири – случајно допрете ја со рамената во поминување или едноставно имаш потреба спонтано да ја допреш во секоја прилика. Тоа е супер начин за да и дадеш до знаеш на симпатијата колку ти се допаѓа.