7 нереални очекувања кои ги имаш за врските!

7 нереални очекувања кои ги имаш за врските!

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Сонуваш за принцот на бел коњ и за совршена врска која ќе биде остварување на сите твои соништа кога ќе дојде „ТОЈ“. Веќе знаеш каков би требало да биде и како би требало да се однесува, но потоа еден ден само ќе останеш разочарана.

Сите бајки, серии и филмови ни направија илузија која е многу тешко да се сруши. Еднаш кога навистина ќе влезеш во сериозна врска ќе испаднеш будала бидејќи работите не се такви какви што сте замислувале дека ќе бидат.

Ова се најчестите илузии и нереални очекувања кои девојките ги имаат за врските.

# Ќе бидете заедно цело време - првото е веднаш најтешко. Доколку веруваш дека во тоа дека ќе имате заеднички хобија, пријатели - намалете ги критериумите. Голема е веројатноста дека тој ќе замине со другарите, а ти ќе останеш дома за да се дружиш. Немој да откажуваш се што скааш и се што си поради него. Направи си ти план, а тој нека се прилагоди.

# Се ќе биде лесно кога ќе го најдеш „овој вистинскиот“ - нема. Врските никогаш не биле лесни и никогаш нема да бидат. Немој да веруваш на оние „совршени“ парови на Инстаграм. Сите имаат свои убави и лоши моменти.

# Можеш да бидеш само со момче кое е повисоко од тебе - океј е да имаш критериуми, но само доколку се реални. Секако дека би сакала тој да е висок два метри и да изгледа како Џастин Бибер, но не е. Немој да бидеш површна, дај му шанса на момчето.

# Ваша врска ќе биде филмска - излети во природа, романтични прошетки и фестови, вечери во ресторани. Сите сонуваме за тоа, но на многу малку им се случува, но во поголемиот број случаи ќе добиеш кино и пијалок во градот.

# Тој секогаш ќе биде тука за тебе - ќе биде, но некогаш ќе и треба и на мајка му, на другарите, ќе мора да оди на тренинг, ќе има други обврски. Ќе биде покрај тебее, но мора да научиш дека и ти си личност сама за себе и дека некогаш треба сака да се избориш со проблемите.

# Ќе бидеш среќна цело време - доколку одлучиш дека ќе бидеш, но во секоја врска има и кавги и драма и плачење и нервози. Тоа е најнормална работа.

# Ќе знае што мислиш - никој не може да знае точно што мислиш доколку не му кажеш. Точка. Доколку сакаш нешто да направи или промени - кажи му.

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: