7 ретро трендови кои ќе бидат ин ова лето: Ги има во плакарот на мајка ви

7 ретро трендови кои ќе бидат ин ова лето: Ги има во плакарот на мајка ви

Објавена во: Мода // Moj стил


Женствените детали се повторно најбараните

Старинска јака, комплети во една боја, кратки панталони на „мама“, сандали со потпетици и други стилски ретро парчиња се во тотлен ин ова лето.

1. Старинска јака

Се враќа на голема врата, инспирирано од фустани за кукли и детали од чипка, кои некогаш ги носеа и девојчињата.

2. Панталоните на „мама“

Беж, кратки панталони кои потсетуваат на здолниште, денес доаѓаат во комбинација со јакна. Тие се широки, удобни и имаат висока половина. Како направени се за впечатлив ремен или марама врзана како машна.

3. Големи пуфкасти ракави

Парче инспирирано од осумдесеттите и светот на гламурозните дами кои го поминаа вишокот на време имајќи коктел покрај базенот. Ова лето ќе биде уште поголем хит отколку во минатото, на фустани, блузи и кошули. Дури и на тренерки.

4. Чевли со блок-потпетица

Блок-потпетиците веќе нè освоија, но сега тие се повеќе потсетуваат на чевлите на баба и се по пријатни и широки кај прстите.

5. Комбинезони

Доаѓа во многу варијанти, од варијанта за дневна кезуал комбинација, за по дома, за бизнис деловни состаноци и елегантна за вечерни излегувања. Боите се разновидни, засновани врз инспирацијата на тонови на виножитото. Сигурно нема да погрешите ако си купите комбинизон тексас.

6. Панталони во боја

Тие беа хит во 70-тите, а сега се повторно на сцена и евоцираат сончеви денови и стилска позитива. Омилени се бои како жолта, портокалова, црвена и виолетова.

7. Комплет во иста боја

Изберете една боја во која ќе се облечете од глава до пети или т.н. "twin set", комбинација на блејзер и маица со ист тон. За да и се даде на креативната игра модерен тон, има спектакуларни сребрени додатоци кои ќе ја вратат комбинацијата во сегашноста, наместо во педесеттите години кога монохроматски комбинации беа главен хит.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: