74.000 луѓе имаа иста реакција: Ким Кардашијан понижена пред синот сред полн стадион (ВИДЕО)

74.000 луѓе имаа иста реакција: Ким Кардашијан понижена пред синот сред полн стадион (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Ким сигурно не очекуваше дека луѓето вака ќе се однесуваат кога ќе ја здогледаат...

Најголемата ријалити ѕведа на планетата, Ким Кардашијан (41) со години беше миленичка на телевизиската публика и корисниците на социјалните мрежи, а модната заедница ја отфрлаше.

Во последно време, таа конечно го доби признанието за кое компнееше, одржа ревија во соработка со брендот „Долче и Габана“, нејзината куќа „SKIMS“ имаше заедничка колекција со „Фенди“, прошета на ревијата на брендот „Баленсијага“...

Меѓутоа, јавноста полека ѝ го сврте грбот, па сѐ почесто на нејзина сметка може да се слушнат критики. Затоа многумина не беа изненадени кога публиката вчера реагираше негативно на неа за време на еден натпревар во Лос Анџелес.

Ким со синот Сејнт (6) навиваше на натпреварот на Лос Анџелес Рамс, а во еден момент беше прикажана и на видео бимот, благодарение на што останатите навивачи можеа да видат дека помеѓу нив има и светска ѕвезда. Во истиот момент од публиката, која броеше повеќе од 74.000 луѓе, се слушна „Уаа“, на што Ким се насмеа и на сите им испрати бакнеж.


„Може да се смее колку што сака, сигурно не ѝ било пријатно“, „Најлошиот пример за младите е исвиркан, Америка повторно се обновува“, „Сигурно не мислела дека ќе ѝ аплаудираат“ - се само некои од реакциите на социјалните мрежи, но не е мал бројот ни на оние кои сметаат дека ова било многу непримерно, пред сѐ затоа што Ким била во друштво на нејзиниот син.

фото: Принтскрин / Твитер

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: