8 - годишна блогерката откри дека е во врска со тинејџер: Нејзината мајка ги поддржува фотките на кои се бакнуваат

8 - годишна блогерката откри дека е во врска со тинејџер: Нејзината мајка ги поддржува фотките на кои се бакнуваат

Објавена во: Мода // Moj стил

На социјалните мрежи во Украина се упатени многу критики на сметка на мајката на девојчето, па имаше дури и барања за да ѝ се одземе детето...

Голем скандал изби во Украина, откако е откриено дека 8 - годишна блокерка, чии профили на социјалните мрежи бројат милиони следбеници, се забавува со 13 - годишно момче, а сето тоа го прави со целосна согласност и поддршка од нејзината мајка, која инаку ги контролира сите нејзини профили.

Малата Мила Маханец има скоро 7 милиони следбеници на социјалните мрежи „Likee“ и ТикТок, кои се многу популарни помеѓу децата и младите во Русија и Украина. Девојчето исто така работи и како модел и учествува во детски модни ревии, пренесува РТ.

Таа на социјалната мрежа Инстаграм, каде има повеќе од половина милион следбеници, во сега веќе избришаната објава, откри дека е во врска со 13 - годишниот блогер од Москва, Паша Паи.

Сепак, иако оваа врска дури неодамна го привлече вниманието на јавноста, изгледа дека истата трае некое време. Мила и Паша на Инстаграм, во делот „Инстаграм сториња“, имаат сочувани фотографии на кои се бакнуваат, па дури и спијат заедно во ист кревет. На една од фотографиите тие двајца се во прегратка, додека девојчето е во долна облека.

Меѓутоа, кога оваа „љубовна приказнза“ го привлече вниманието на медиумите, поголемиот број такви фотографии и видеа беа отстранети.

Интересно е дека, според описот на Инстаграм профилит на девојчето, профилот го води нејзината мајка Дарја, која на свој грб ги понесе сите критики и забелешки. Како што објаснува, нема никаков проблем со врската на својата ќерка и истакнува дека тоа е „нивен живот, кој тие самите ќе го градат како што сакаат“.

На социјалните мрежи се упатени многу критики на сметка на Дарја, па имаше дури и барања за да ѝ се одземе детето.

Една мајка од Украина на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека Дарја „има проблем во главата“.

„Поради пари таа од својата ќерка прави објект за страст. Покрај многубројните коментари на другите деца, Дарја не сфаќа дека поголемиот број од истите ги пишуваат педофили. Детскиот моделинг и нивното учество на натпреварувања во убавина секогаш бил канцер во овие индустрии, а сега во сето тоа можете да ги додадете и децата блогери“ - напиша таа и додаде дека ваквата приказна би можела да заврши лошо, па дури и со фатални последици.

Во друга објава, една адвокатка напиша дкеа мајката на Мила од 8 - годишното девојче направила „заводлива жена за перверзници“.

Еден украински новинар и поранешен политичар повика на реакција од надлежните органи и рече дека ваквата промоција на Мила и Паша се многу блиски до детската порнографија.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: