8 соби, 12 бањи: Меган и Хари се селат во вила за милионери
Принцот Хари и Меган Маркл го пронајдоа својот дом од соништата во Лос Анџелес, во кој се преселија откако неколку месеци поминаа во Канада, а во тоа им помогна и познатата Опра Винфри.
Тие станаа финансиски независни, но апетитите за луксуз им се намалија. Странските медиуми пишуваат дека нивниот нов дом на Беверли Хилс, е поранешната вила на актерот и комичар Тајлер Пери, вредна 18 милиони долари и дека планираат да ја купат.
Луксузната вила има осум спални соби, дванаесет бањи и се наоѓа во елитниот дел од квартот кој сам по себе е на висок глас и е наменет исклучително за милионери и големи холивудски ѕвезди, а сега и за поранешните членови на британското кралско семејство.
Откако се преселија во сончевата Калифорнија, Меган и Хари не се појавуваат во јавноста толку често.
Тие неодамна го прославија роденденот на синот Арчи, кој е седми по ред за наследување на кралскиот трон.