9 - то одделениците од ООУ „Вера Јоциќ“ со работилница го одбележаа денот на детето
Светскиот ден на детето е прогласен на 20 ноември 1954 година на Генералното собрание на Обединетите нации, а пет години подоцна се усвоени и Декларацијата за правата на децата, во нашата државата истата е ратификувана во 2003 година.
Под мотото „Секој ден треба да е ден на детето, мајката,таткото ....“, 9 - то одделенците од ООУ „Вера Јоциќ“ од Скопје го одбележаа Светскиот ден на детето.
Оваа порака ја упатија под раководство на наставничката Јасминка Трајковиќ. На овој „час“, учениците изработи неколку хамери преку кои ја пренесоа својата порака и колку децата се важни во општеството.
„Учениците јасно го истакнаа својот став дека најголем успех во денешно време е да имаме здрава, образована и среќна младина која ги заслужува сите радости на овој свет.“ - истакна наставничката Јасминка.
Во продолжение погледнете ги фотографиите од работилницата, која ќе помогне за подигнување на свеста за заштита на правата на детето во општеството.
И.М.