9 - годишен ученик смета дека наставниците не се добро платени: Со својот гест ги воодушевил сите

9 - годишен ученик смета дека наставниците не се добро платени: Со својот гест ги воодушевил сите

Објавена во: Совети // School zone

Смета дека неговата наставничка е платена премалку за она што го прави и сакал да придонесе онолку колку што може.

Имено, додека во нашата држава просветните работници водат борба за повисока плата и подобри услови за работа, некаде во светот едно момче ги воодушеви сите со својата постапка. Имено, тој смета дека наставниците, а особено неговата наставничка заслужуваат поголема плата. Со својот гест ги воодушеви сите. Сакал на својата наставничка да и подари дел од парите кои ги добил за роденден. 9 - годишниот Паркер Вилиамс, кој е ученик во трето одделение во едно основно училиште на Флорида во САД, сега е мега популарен и за неговиот гест зборува целиот свет. 

На својата наставничка и оставил порака: „Драга госпоѓо Чамберс, мислам дека наставниците не се доволно платени за она што го работат, па ќе сакате ли да го прифатите овој подарок?“. Со пораката приложил 15 долари.


Наставничката била разнежнета со овој гест и му напишала порака со која му одговорила на Паркер дека тоа е сладок и убав гест, да не може да ги земе неговите пари, но дека го цени тоа што толку внимава на неа. Неговата мајка не знаела ништо за ова, а кога го прашала зошто го направил тоа, одговорил дека ја сака својата наставничка и дека сакал да и возврати за она што таа им го дава на учениците, бидејќи наставниците немаат доволно голема плата. 

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: