9-годишната Каја стана вирална на TikTok: Прави уникатни креации на кои им се восхитуваат дури и модните дизајнери
Каја Арагон од Колорадо започна да дизајнира свои фустани уште во ноември 2021 година. Досега има направено 35-40 комбинации, а омилен ѝ е рачно насликаниот фустан што го изработила. Кога ќе порасне, нејзиниот сон е да стане моден дизајнер, но заедно со дизајнирањето, таа ги сака и тренира воздушните уметности.
Каја добива многу охрабрувања не само од нејзините најблиски, туку и од модните дизајнери! Модната уредничка и диајнерка Вера Ванг дури ѝ испрати на Каја машина за шиење, посакувајќи ѝ среќа и ѝ кажува да продолжи да го остварува својот сон да стане моден дизајнер.
„Ми се допаѓа што во зависност од тоа што носите, тоа може да направи да се чувствувате самоуверено и храбро“- вели одлучната мала девојка.
Таа отсекогаш имала фасцинација за стил и сака да ги меша и усогласува нејзините додатоци и дизајни.
„Секогаш претеруваше со додатоците и мешаше и спојуваше работи што немаа смисла за мене, но ќе добиеа смисла откако ќе ги облечеше“, вели нејзината мајка.
Каја дури сака нејзините пријатели и браќа и сестри да се приклучат на нејзината идна компанија.
Иако сега има голем тим кој ѝ помага да ги креира фустаните, таа ги прави главно сама. Нејзиниот сон е да основа модна компанија со сите нејзини пријатели и браќа и сестри. „Моите пријатели и мојата голема сестра би биле дизајнери бидејќи тоа е она што сакаме да го правиме“
Иако ова е нејзината вистинска страст, таа е поттикната да ги прошири своите хоризонти и да доживее различни искуства.
Една од најважните работи во животот е да го правите она што ве прави навистина среќни, а дизајнирањето фустани сигурно ја прави Каја весела и блескава. Се разбира, со оглед на нејзината возраст, таа може да наиде на други соништа и можности на нејзиното патување. Каја е поттикната да истражува многу различни работи што сака да ги прави. Но, засега таа вели дека само се забавува.
Извор: brightside.me