Со најблиските пријателки Мартија го прослави роденденот: Најемотивната порака ја доби од мама Снежана

Со најблиските пријателки Мартија го прослави роденденот: Најемотивната порака ја доби од мама Снежана

Објавена во: Совети // Другарство

Младата пејачката Мартија Станојковиќ денес и официјално е повозрасна и позрела за една година. Од утре секој ден ќе биде сѐ поблиску до полнолетството и до самостојното носење на одлуките во животот.

Роденденот го прослави еден ден порано и тоа во кругот на најблиските другарки. Од таа мини прослава сподели фотографија на својот Инстаграм профил, на која се гледа како позира со роденденската торта во раце, покрај најважните луѓе во животот. Иако сме среде пандемија, нејзините најблиски се погрижија и амбиентот да биде декориран и барем за момент да заборави на сето она што не опкружува.

Како и секоја година досега, така и оваа, нејзината мајка Снежана сподели емотивна објава по повод роденденот на својата наследничка:

„Ти благодарам Господе што ми ја подари радоста и среќата, токму на овој толку убав ден, посветен на детето и мајката. Среќен роденден чедо мајкино! Ти посакувам здрав, среќа, љубов и мир во душата. Секогаш да си исполнета и задоволна! Продолжи да работиш на себе и остани човечна секогаш. За заслуженото наградата ќе си дојде сама кога најмалку очекуваш! Живеј среќно!“ - ѝ напиша на Фејсбук мама Снежана.


Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: