А1 Game Fest 2023 финале на 25 и 26 ноември и за прв пат предавања за одговорно гејмање и саем на Македонски игри

А1 Game Fest 2023 финале на 25 и 26 ноември и за прв пат предавања за одговорно гејмање и саем на Македонски игри

Објавена во: После „Школо“ // PR

А1 Македонија, во соработка со GG.MK, со гордост го најавува најочекуваниот и најголем е-спорт настан во земјата - А1 Game Fest 2023 шеста  година по ред организиран на супериорен оптички интернет.

Претстојниот викенд, на 25 и 26 ноември, новоотворениот Diamond Mall во центарот на Скопје е локацијата каде ќе се сретнат сите натпреварувачи и посетители кои повторно ќе имаат можност да го следат финалето - највозбудливиот дел на гејминг доживувањето на A1 Game Fest.

Програмата за двата финални дена на А1 Game Fest најавува незаборавен викенд за сите гејмери, косплеери, гикови, фанови, јутубери, кастери и сите оние кои уживаат во гејмингот и за сите ентузијасти за турнири во CoD: Warzone 2.0, League of Legends, Street Fighter 6, EA Sports FC24 и секогаш најкреативниот Cosplay натпревар. Сите посетители ќе можат да уживаат во Gran Turismo 7 слободно возење на симулатори.

За уште понезаборавно искуство за прв пат во рамките на фестивалот ќе има саем на Македонски игри овозможено од Macedonian Games Indurstry MGI каде во полн сјај ќе бидат изложени игри од Македонски студија кои секој посетител ќе може да гиигра. А за фановите на аналогните игри, натпревари во Board games со Гоблин Друштвени Игри, Warhammer и мини турнири во Ретро гејминг корнерот.

Секако за сите посетители следуваат и многу подароци и изненадувања. Највредниот подарок, iPhone 15 Plus ќе биде доделен на еден среќен посетител на A1 Game Fest 2023 во Diamond Mall.

Програмата годинава е збогатена и со нови содржини креирани од поддржувачите на најголемиот е-спорт настан, Квики Подравка и STR8 кои обезбедуваат награди за победниците и многу изненадувања за публиката.  

Се разбира ни овој пат нема да ги изоставиме јутуберите и стримерите. Горди сме што во ова издание носиме дури 6 македонски стримери кои ќе стримаат на своите канали за време на викендот. Посетителите ќе имаат шанса во живо да ги запознаат s1cko00, Drenix, TheGamerTeacher, cakimk, ANGELKA и Steffonator.

Како шлаг на викендот, момците од GG.MK ексклузивно ќе имаат епизода ВО ЖИВО каде заедно со публиката ќе ги дискутираат новостите и случувањата во гејминг светот од оваа недела.

Како општествено одговорна компанија која особено внимание посветува на едукација за новите дигитални вештини и нивно безбедно користење, А1 Македонија од оваа година под мотото “Гејмај одговорно”, ја збогатува програмата со предавања преку кои сите посетители, родители и деца кои влегуваат во светот на гејмингот, ќе слушнат препораки за одговорно гејмање од врвни експерти. На тема “Предизвиците на гејминг светот и како да ги заштитиме децата” ќе говорат еминентен психолог и гешталт терапевт во супервизија, специјалист за дигитална трансформација како и експерт за финансии на тема онлајн плаќања. На темата “Психо-физичкото здравје на е-Атлетите и важноста на балансот помеѓу спорт и е-спорт” ќе говорат ортопедски хирург на Универзитетската клиника за ортопедски болести, психолог и гешталт психотерапевт и е-Атлета и контент креатор.

Детали и сите потребни информации за самите натпревари се достапни на https://www.a1.mk/gaming

ПР објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: