А1 Македонија е добитник на наградата Best Buy за најдобар сооднос на цена и квалитет за мобилен интернет
А1 Македонија, членка на А1 Телеком Австрија Групацијата, во рамки на независното истражување Best Buy Award што го спроведува швајцарската организација ICERTIAS, е добитник на Best Buy наградата за најдобар сооднос помеѓу цената и квалитетот за мобилен интернет според мислењата, искуствата и изборот на потрошувачите во земјава.
Водејќи се од личното искуство, мнозинството испитаници ја избраа А1 Македонија за најдобра компанија во категоријата “Најдобар однос на цена и квалитет за мобилен интернет“ и ја посочија како прв избор на компанија во која добиваат највисок квалитет за вложените пари.
“Наградата Best Buy е исклучително значајно признание за А1 Македонија, дотолку повеќе што доаѓа лично од корисниците. За нас во А1 нема подобра препорака од таа што ја добиваме директно од самите корисници и со ова истражувње ни покажаа дека ги препознаваат нашите заложби да понудиме услуги со најдобар сооднос на цената и квалитетот. Горди сме на ова признание што во иднина ќе претставува дополнителен поттик во нашата континуирана заложба корисниците да добијат уште повеќе вредност за парите што ги вложуваат во продуктите што за нив ги креираме ”,- изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.
Best Buy Award се доделува врз основа на квантитативно истражување на пазароти се спроведува периодично на различни сектори на пазарот преку веб анкета, а од испитаниците се бара да го идентификуваат производот или услугата кои, според нивното лично искуство и мислење, нудат најдобра вредност за парите на пазарот. Истражувањето Best Buy во земјава е спроведено во текот на јануари 2023 година.
Детали за методологијата и процесот на номинациите прочитајте на следниот линк.
* ПР - објава