А1 Македонија отстапува време и ресурси за “Корпоративно волонтирање
А1 Македонија, како општествено одговорна компанијаправи уште еден значаен чекор во давањето придонес во заедницата и создавање подобар свет и со гордост ја објавува својата соработка со Црвен крст на град Скопје за програмата “Корпоративно волонтирање” за позитивно влијание врз општеството.
А1 Македонијапрепознавајќи ја важноста на корпоративната општествена одговорност, одлучи да го прошири својот досег преку корпоративно волонтирање, охрабрувајќи ги вработените активно да се вклучат во програмата и да придонесат позитивно влијание во општеството.
„Посветеноста на А1 Македонија за корпоративно волонтирање не се однесува само на добротворни цели, тоа е дел од тоа кои сме ние. Посветени сме да го направиме светот подобро место преку нашите постапки.Со оваа соработка ги засилуваме нашите напори за да придонесеме за градење на подобар свет. Оваа иницијатива ги одразува нашите основни вредности и нашата посветеност да бидеме општествено одговорна компанија“ - изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.
Со здружување на силите со една од најреномираните светски хуманитарни организации, А1 Македонијаотстапува време и ресурси за “Корпоративно волонтирање”. Црвениот крст има долга историја на поддршка на оние кои имаат потреба и заедно со А1 Македонија ќе работат рака под рака на решавање на различни социјални и хуманитарни прашања во земјата.
Корпоративното волонтирање не е само еднократен напор за А1 Македонија, веќе е составен дел од културата на компанијата. Вработените добиваат можност да учествуваат во различни волонтерски активности. Оваа иницијатива не само што ја промовира тимската работа туку и им овозможува на вработените да развијат посилна врска.
ПР објава