A1 Македонија посакува среќна нова година со атрактивна празнична понуда за сите
А1 Македонија ја започа новогодишната еуфорија и празнични денови со нова атрактивна понуда со која корисниците добиваат можност да ја дочекаат 2025 година со многу поволности за неограничена комуникација, уште повеќе содржини, голем избор ТВ уреди и мобилни уреди по најповолни цени.
„Како и секогаш, и овој пат, креиравме една од највпечатливите и најповолни понуди, дизајнирана да ги задоволи потребите на нашите корисници за уште повеќе комуникација, поврзаност и пристап до посакуваните содржини и уреди. Нашата цел е да ги разубавиме празничните моменти за корисниците, да внесеме свежина и позитивна енергија овозможувајќи им непречена комуникација и поврзување со најблиските. Затоа велиме, сите заедно, поврзани да блеснеме уште посилно и новата година да ја направиме уште повесела.”, изјави Методија Мирчев, Главен извршен директор во А1 Македонија.
Новогодишното изненадување од А1 доаѓа со тарифните модели А1 Combo со супериорен оптички интернет и телевизијата A1 Xplore TV која нуди опција за избор на канали, многубројни функционалности за корисникот како што е телевизија на сите уреди каде и да се, можност за снимање, пребарување и премотување и сето тоа со најдобриот квалитет на слика. А1 Македонија го прави овој период посебен со специјален подарок - до 6 месеци без претплата на водечките светски стриминг услуги Netflix и Max и воедно, корисниците добиваат можност да изберат некој од најпопуларните и најнапредни модели iPhone или Samsung смарт телефони.
За новата понуда која е промотивна и ќе важи ограничен период, повеќе информации можат да се добијат на www.a1.mk
ПР објава