А1 Македонија со најдобар проект за паметен град за општина Велес

А1 Македонија со најдобар проект за паметен град за општина Велес

Објавена во: После „Школо“ // PR

А1 Македонија ја има честа да ја извести јавноста дека е избрана како најдобар понудувач на јавниот тендер за набавка и имплементација на паметна опрема за општина Велес како корисник на под-грантот на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК). Под-грант шемата на ПЛРК е финансирана од Инструментот за претпристапна помош на Европската унија - ИПА 2 и Владата на РСМ, управувана од Светска Банка. Тендерот се спроведе во согласност со Процедурите за национално конкурентно наддавање како што е утврдено во Насоките за набавки на Светска банка.

Под-проектот Паметно езеро Младост – Првата иновативна туристичка атракција во Македонија вклучува имплементација на контролна табла на Градот и IoT платформа каде што ќе се интегрираат шест различни IoT решенија. Тие вклучуваат воведување модерен интегриран систем за контрола на автоматското осветлување (Паметно осветлување), паметно управување со простор за паркирање (Паметно паркирање), паметно управување со отпад (Паметен отпад), паметни клупи со интегриран безжичен Интернет (Паметни клупи), полнач за електрични возила со можност за електронско плаќање (Полнач за електрични возила) и електрични велосипеди со паметно заклучување (Паметни велосипеди) со SaaS (софтвер како услуга) решение за управување со паметно заклучување. Крајниот рок за реализација на овој под-проект е 30 јуни оваа година.

Со Проектот за паметен град, општина Велес ја почнува својата трансформација во модерен и паметен град којшто го следи примерот на развиените европски градови, со што го подобрува квалитетот на живот на граѓаните во Велес и посетителите на езерото Младост.

А1 Македонија верува на новата ера на паметна поврзана технологија и токму затоа продолжува да се фокусира на подготвување и имплементирање проекти коишто ќе дадат придонес во унапредувањето на модерното живеење.


ПР објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: