А1 Македонија со нова атрактивна понуда за субјектите во угостителството и туристичката дејност

А1 Македонија со нова атрактивна понуда за субјектите во угостителството и туристичката дејност

Објавена во: После „Школо“ // PR

А1 Македонија ја збогатува понудата наменета за деловните корисници и со големо задоволствонајавува ново тарифно портфолио за ТВ услуги со четири нови тарифни модели наменети за сите субјекти во угостителството и туристичката дејност. 

“Во подготовката за летната сезона за угостителскиот сегмент креиравме понуда со која субјектите во туристичката дејност добиваат можност уште повеќе да ги збогатат ТВ содржините за гостите во нивните објекти. Дополнителна вредност имаат ТВ пакетите со Арена Спорт ТВ каналите кои ќе пренесуваат едни од најтрактивните фудбалски натпревари сезонава, а гостите ќе можат да ги следат и во друштво на  отворените летни тераси кои ја нудат можноста за безбедна социјализација, релаксација и дружење. Со избор на новите тарифни модели, угостителите добиваат едноставно решение, а гостите повеќе разновидни категории: документарни, филмски, музички, забавни, детски во зависност од нивниот интерес. Со оваа понуда А1 уште еднаш ја докажува својата определба да креира производи и услуги по мерка на своите корисници со цел да се задоволат нивните комуникациски потреби”, изјави Стевчо Ристески, директор на одделот за маркетинг и продажба за деловни корисници во А1 Македонија. 

Новите тарифни модели нудат збогатена содржина и достапност на повеќе технологии (Cable & DVB-T), а со тоа и можност за избор на повеќе опции според потребите на корисниците.

A1 HoReCa TV Basic содржи основни ТВ канали од различни категории: документарни, филмски, музички, забавни, детски

А1 HoReCa TV Basic + Sport ги содржи сите канали од А1 HoReCa TV Basic заедно со Арена каналите

А1 HoReCa TV Extra содржи збогатена програма на ТВ канали, кои поради ограничувањата на DVB-T платформата, се достапни само во регионите покриени со кабелска инфраструктура

А1 HoReCa TV Extra + Sport ги содржи сите канали од А1 HoReCa TV Extra заедно со Арена каналите.

Со секој тарифен модел може да се додадат најмногу до 4 дополнителни ТВ приклучоци за атрактивна месечна претплата.

Повеќе информации за понудата се достапни на www.a1.mk


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: