А1 Македонија воведува нови канали на А1 Xplore ТV - Eurosport, Discovery и TLC бесплатно со А1

А1 Македонија воведува нови канали на А1 Xplore ТV - Eurosport, Discovery и TLC бесплатно со А1

Објавена во: После „Школо“ // PR

А1 Македонија со големо задоволсво најавува збогатување на содржините на А1 Xplore ТV со нови, атрактивни ТВ канали со што корисниците добиваат можност за уште поголемо уживање и следење на омилените содржини и тоа бесплатно.

Од денеска, сите корисници на А1 Xplore ТV добиваат можност да ги следат спортските содржини на Eurosport 1 и Eurosport 2и да ги следат случувањата во тенисот, скијање, снукер, Олимпијада 2024 и многу другиспортови, да уживаат во истражувачките емисии на Discovery и најавените премиери за оваа година, како и во содржините на TLC и DaVinci Learning програмите.

“А1 Македонија континуирано работи на воведување нови производи и услуги, но и подобрување на производите и услугите кои ги нуди. Новата година ја започнуваме со освежување на A1 Xplore TV со воведување ТВ канали. И овојпат ја докажуваме нашата посветеност на следење на барањата на корисниците и овозможување повеќе забавни содржини. Остануваме на нашата заложба за континуирано усовршување на ТВ искуството на нашите корисници и воведување нови атрактивни производи во портфолиото во периодот што следи”, изјави Елена Панова, директорка за маркетинг и дигитална трансформација во А1 Македонија.

Инаку, со А1 Xplore TV корисниците добиваат пристап до телевизија на сите екрани: ТВ уред, лаптоп, смартфон или таблет. Ова решение преку нов интерактивен интерфејс им овозможува на корисниците следење на омилената ТВ – содржина кога било и каде било. Имено, својата омилена програма корисниците можат да ја следат на својот ТВ уред и доколку имаат потреба истата да ја прекинат и да продолжат да ја гледаат на својот мобилен телефон од истото место кадешто застанале. А1 Xplore ТV нуди врвно искуство со најдобар HD – квалитет на слика и со Dolby audio звук како и директен пристап до апликациите YouTube и YouTube Kids.

A1 Xplore ТV овозможува избор на голем број разновидни ТВ канали и тоа повеќе од 200 ТВ и радио содржини, како и следните функционалности: збогатен детален програмски водич, пребарување на содржини низ програмскиот водич, снимање на омилената серија или цела сезона, како и родителска заштита и контрола на содржината според возраста.

А1 Xplore TV е дел од тековното A1 Combo портфолио кое нуди интернет за домот, најквалитетна телевизија на пазарот со ексклузивна можност за креирање на ТВ програмската шема во комбинација со најатрактивни тарифи за мобилни услуги. 

ПР објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: