A1 со едукативна и забавна содржина за безбеден интернет за најмладите
Користењето на интернетот и социјалните медиуми е секојдневна навика на скоро секој човек во денешно време. Но, пандемијата ги присили луѓето да останат дома, а со тоа се зголеми користењето на дигиталната технологија, на социјалните мрежи и на интернетот воопшто. Работните обврски ги извршуваме преку интернет, плаќаме сметки, гледаме филмови. Но, најмладите се чини дека најмногу време поминуваат на интернет, сега кога училиштата се затворени. Освен што следат онлајн настава, тие голем дел од слободното време го поминуваат на таблет, телефон, комуницираат преку разни апликации. Но, користењето на интернетот од страна на најмладите со себе носи потенцијални опасности и ризици за нивната приватност и безбедност. Во онлајн-средината не можеме да видиме со кого комуницираме, а децата по природа се наивни, отворени и љубопитни. Затоа наша обврска, на родителите и на возрасните е да ги заштитиме. Една многу корисна едукативна програма а чија главна цел е едукација на најмладите за безбедноста во интернет-просторот е проектот на А1 Македонија “Интернетот не е само игра. Кликај безбедно”. Проектот кој започна во 2018та година досега има опфатено повеќе од 2000 четврто-одделенци на територијата на целата земја, а децата преку интересни работилници учат како безбедно да бидат дел од светската мрежа и како да ги заштитат своите лични податоци. Во едукативната брошура, децата имаат можост да се дружат со главниот лик, Нетмен, кој ги води низ една забавна интернет-авантура и ги учи на сите тајни на интернетот. Дигиталната брошура во која можат да се најдат многу корисни совети е достапна на веб страницата на А1 Македонија на следниот линк https://www.a1.mk/za-nas/opstestvena-odgovornost/internet-bezbednost.