Адел доби страшна инфекција на незгодно место: Без срам ги сподели деталите со јавноста
Ако сте успешна
пејачка и настапувате секоја вечер, како што е случајот со триесет и пет
годишната Адел , гласот не е единственото нешто што може да се оштети.
Музичката дива откри како се заразила со тешка габична инфекција во Лас Вегас,
а тоа е поради, нема да верувате, нејзината облека!
Поп-пејачката изјавила дека во најлуксузниот хотел во Вегас, поточно Цезаровата палата, поради потта фатила ужасна габична инфекција.
Адел, надалеку позната по својот моќен глас секоја вечер била изложена на силни рефлектори под кои постојано се потела, и се би било во ред доколку не носела синтетичка облека, т.е од спандекс, која не се суши туку ја задржува потта од телото.
Спандекс е ткаенина од која е направен стегачот или попознат како мидер, кој Адел го носи секоја вечер кога настапува, за да изгледа послабо и попрефинето. Негативната страна на овој материјал е тоа што кога е влажен се суши многу бавно, со што бактериите и габите уште повеќе се размножуваат...
-Кога настапувам, носам спандекс, но многу се потам и таа вода не оди никаде, останува заробена на мене. Значи, во основа постојано се капам во сопствената пот, објаснила пејачката, додавајќи дека докторот и дијагностицирал инфекција наречена „tinea cruris“.
Tinea cruris“ е габична инфекција на кожата која се јавува на топли, влажни места, често во препоните, задникот и внатрешните бедра, според експертите на клиниката Мајо. Состојбата е честа кај спортистите и луѓето кои многу се потат.
-Изгледа дека сум спортист, се пошегувала пејачката.
Ова не е прв пат Адел јавно да зборува за своите здравствени проблеми. Таа во февруари раскажа како речиси две децении се борела со болки во грбот и на публиката и открила дека настапувала со тежок проблем кај кичмата.
-Дали некој друг на моја возраст има лоши колена? Имам тежок ишијас на левата нога и мојот L5 диск не е на место. Истрошен е, рекла тогаш Адел.
Фото: adele/instagram