Адел го објави новиот спот: Многумина велат дека е најраскошниот досега

Адел го објави новиот спот: Многумина велат дека е најраскошниот досега

Објавена во: Stars // Музика

Британската пејачка Адел минатата година, по шест години пауза, објави нов албум под назив „30“, а сега за една од песните од тој албум објави и спот, кој веднаш ги воодушеви сите.

Еден од оние моменти кои најмногу ја одбележаа минатата година, сигурно е албумот „30“ на пејачката Адел, кој го сними по паузата од шест години. Токму на тој албум се наоѓа песната „Oh My God“, за која Адел пред неколку дена објави и спот и потполно ги воодушеви своите обожаватели, а некои од нив дури тврдат дека е најраскошниот кој досега го објавила, пишува „Bustle“.


Во овој спот можеме да ја видиме Адел како лидер на хаотичен, но прекрасен циркус кој се состои од танчери, гимнастичари, деца, коњи, столчиња... Потполно „рандом“ личност и работи кои некако совршено се вклопија. Пред крајот на спотот можеме да видиме едно столче како гори што оваа песна ја поврзува со песната „Rolling In The Deep“ на режисерот Сем Браун, кој беше задолжен и за најновиот спот на Адел.


Адел на својот Твитер напиша прилично се забавувала на снимањето на спотот, но признава дека побегнала кога на сетот здогледала огромен питон.

„Oh My God“ досега има повеќе од девет милиони прегледи на Јутјуб и можеме да кажеме дека е сите кои го погледнале се прилично воодушевени. 

„Оваа песна никогаш нема да ми здодее колку и да ја слушам“, „Глас, талент и креативност... Сето тоа може да ја најде овде. Секоја чест“, „Оваа песна е како бесплатна терапија. Вокалите многу опуштаат. Какво ремек дело“ - се само некои од коментарите под видеото.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: