Адријана Лима сакала да стане калуѓерка, татко ѝ ја напуштил како бебе, ја одбија за српско државјанство
Манекенката и поранешна сопруга на српскиот НБА кошаркар Марко Јариќ, Адријана Лима, отсекогаш била горда на својата природна убавина, но и на својата вера и фактот дека оди на миса секоја недела.
Оваа убавица се приближува до петтата деценија, а поради редовниот тренинг, здравата исхрана, но и генетиката, малку луѓе би и дале 39 години.
На последните фотографии таа е поубава од кога и да е, а позитивните коментари и лајкувања само се нижат. Кога Адријана имала само шест месеци, нејзиниот татко го напуштил семејството, што ја принудило нејзината мајка Марија сама да ја порасне наследничка.
Пред да стане модел, таа сакала да биде монахиња и во неколку наврати рече дека ќе се омажи невина.
Инаку, по девет месеци врска, Адријана Лима се сврши со српскиот НБА играч Марко Јариќ, во јуни 2008 година. Парот се венча на Денот на вљубените следната година.
Фото: Инстаграм/Адријана Лима