Адријана Поп Арсова на маратонот во Ајнтховен го собори македонскиот рекорд

Адријана Поп Арсова на маратонот во Ајнтховен го собори македонскиот рекорд

Објавена во: Останати спортови, PR

„Маратонот е мојата омилена дисциплина баш заради тежината и неизвесноста која ја носи“ – Адријана Поп Арсова

Адријана Поп Арсова, членка на Атлетскиот Клуб “Делта“, оваа година изненади со својот настап на Виз Ер Скопски маратон и на 28 години таа продолжува со нејзиното темпо. На 14-ти октомври на маратонот во Ајнтховен, Холандија, Поп Арсова постави нов Македонски рекорд во маратон, со резултат од 3:00:44 часа (чип/нето време од 3:00:37).

„Немав некои потешкотии во текот на трката, освен тоа што првите 21км ги поминав пребрзо и имав мала криза на 25км, и искрено мислам дека крајниот резултат ќе беше подобар тоа да не се случеше. Но, тоа е искуство плус за мене за следниот маратон, задоволна сум и со ова остварување во овој момент. Маратонот е мојата омилена дисциплина баш заради тежината и неизвесноста која ја носи. Сега во следниот период малку ќе одморам, па потоа ќе ги планирам кој ќе биде мојот следен маратон на кој ќе се обидам и да се симнам под границата од 3 часа“, истакна Поп Арсова.

Претходниот рекорд во Македонија беше поставен од Адријана во мај. Километрите по улиците на Скопје ги истрча со време од 3:05:04 и со тоа го освои бронзениот медал во женска конкуренција. Поп Арсова го држи и Македонскиот рекорд во полумаратон и рекордот на 10КМ, кој неодамна го постави на Скопје Трча 10КМ.


Објавена во: Останати спортови, PR

Можеби ќе ве интересира: