Агонијата продолжува: Учениците од 1 септември повторно без настава во училиште?
Министерството за образование денеска на својата веб-страница ја објави нацрт верзијата на Концептот за развивање систем за образование од далечина во основните и во средните училишта.
Во документот кој има 66 страници е наведено дека ова е иницирано поради актуелната сотојба со корона вирусот, поради која образовниот систем секаде во светот претрпе промени во начинот на реализација на наставата.
-Концептот за развивањена системот за образование од далечина треба да обезбеди непречено одвивање на едукацијата на учениците во основните и во средните училишта од 1 септември 2020 година, преку прилагодување на процесот на новонастанатата ситуација и реалност, се наведува во документот што го објави МОН.
Во следните 5 дена, најдоцна до 10 јули, сите заинтересирани можат да дадат придонес кон подготовка на што поквалитетна содржина на овој документ, преку достава на предлози и сугестии на електронската адреса: mitkoceslarov@bro.gov.mk.