Аикидото е наш семеен спорт: Интервју со Дамјан, Софија и Магдалена Стојковски
Дамјан, Софија и Магдалена Стојковски се навистина талентирани деца. Тројцата имаат различни интереси и хобија. Дамјан е настар во семејството, има 13 години и е ученик во ООУ „Гоце Делчев“ во осмо оддление. Софија е две години помлада, учи во истото училиште во петто оддление, додека Магдалена е прво оддление.
Како што ви потенциравме сите имаат различно поле на интерес, па така Дамјан се одлучи за спортот, односно за ракометот.
„Тренирам ракомет од прво оддление, кога имав 6 години. Тогаш беше популарен спорт, а љубовта кон истиот ми ја пренесе мојот идол Ренато Вугринец.“ – вели 13 – годишното момче, кое додаде дека и се има запознаено со својот идол, со кој разменил неколку зборови поврзани со ракометот.
Дамјан е дел од ракометниот клуб Вардар, а негови тренери се Андријана Будимир и Аце Станковски, а неговата позиција е да ја чува мрежата на неговиот тим.
„За мене се значајни сите натпревари, дури и пријателските. Секоја победа на мојот тим е многу важна за мене, секоја одбранета топка ме качува уште повисоко на скалата од успехот.“ – истакнува тој.
Дека ракометот е негова најголема љубов, говори и тоа што за 10 години се гледа како светски шампион со Вардар.
Но, тој не застанува тука, бидејќи паралелно со ракометот тренира бокс и аикидо, каде има кафеав појас.
За разлика од него, неговата сестра Софија е насочена кон уметностите. Таа глуми и од 4 години свири клавир. Може да се пофали со 6 – те претстави во кои има глумено, но и со 4 – те концерти.
„Глумата ми е во срцето, но и пијаното. Сега засега ми е тешко да ги одвојат. Ме исполнуваат и двете, а исто така и се надополнуваат.“ – вели Софија.
Љубовта кон глумата и ја пренела нејзината професорка Весна Гаврил, која е актерка во МНТ, а кон музиката сестра Касијана од манастирот Св. Ѓорги Победоносец – Рајчица.
Љубовта кон глумата и ја има пренесено нејзината професорка Весна Гаврил, која е актерка во МНТ, а кон музиката сестра Касијана од манастирот Св Ѓорги Победоносец – Рајчица.
„За 10 години се гледам како главна улога во најгледаната театарска претстава“ – истакна 11 – годишната петтоодделенка.
Таа исто како и брат и, тренира аикидо и има син појас.
Најмалиот член во семејството, Магдалена ги поврзува својот постар брат и сестра. Таа тренира аикидо и моментално има портокалов појас. Таа истакна дека од 4 години е во сала, а потоа додаде:
„Љубовта кон аикидото ми ја пренесоа мојот татко, брат и сестра. Тоа е како наш семеен спорт. Тренирам 4 пати во неделата и воопшто не ми е тешко,се радувам кога треба да го подготвам ранецот за тренинг.“
Низ шега ни кажа дека поради нејзиното хоби, другарчињата не се задеваат со неа.
„Никогаш не сакам да повредам другарче, но и тие внимаваат да не се задеваат со мене“.
Магдалена мометално е целосно насочена кон овој спорт и нема некое друго хоби, а кога ќе порасне сака да биде стоматолог.
Ивана Мисајловска