Аки вечерта пред смртта се слушнал со синот кој го напуштил: Нивниот последен разговор ќе ви го скрши срцето

Аки вечерта пред смртта се слушнал со синот кој го напуштил: Нивниот последен разговор ќе ви го скрши срцето

Објавена во: Живот // Живот

Аки и Кристијан се слушнале вечерта пред да почине, како што правеле секој ден, без да насетат дека ќе им биде последен пат...

Пејачот Кристијан Ракимовски, синот на Аки Ракимовски, кој изненадно почина на 67 години е скршен поради веста за заминувањето на големата музичка ѕвезда.

Кристијан, кој е музичарот го остави кога имал само три години, ужасната вест ја дознал така што му се јавила партнерката на Аки, Барбара.

Како што дознава „Вечерњи.хр“ од извори блиски на Кристијан, тие двајца се слушнале вечерта пред да почине, како што правеле секој ден без да насетат дека тоа ќе им биде последен разговор. Таа вечер Аки уште еднаш му повторил на својот син да внимава на себе и своите најмили поради пандемијата.

„Гледаш дека короната лудива, само внимавај на здравјето, немој да пушиш чувај се себе и своите“ - му кажал Аки на Кристијан вечерта пред да почине.

Следниот ден со партнерката Барбара и нивната ќерка заминал на излет, каде му се слошило. Барбара веднаш повикала брза помош, но за жал, кога пристигнале лекарите, веќе било доцна.

фото: Принтскрин/Youtube

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: