Ако ја миете косата навечер: Може ли спиењето со влажна коса да ви наштети?
„Нанесувајте креми со заштитен фактор секој ден“, „секогаш носете јакна со себе“ и „ако немате некому нешто убаво да му кажете, молчете“ - да, мајките знаат за што зборуваат.
Но, што е со советот кога таа ве предупредува дека спиењето со влажна коса е штетно?
Сигурно некогаш сте легнале со влажна коса… Па, дали е штетно?
Како прво, нема да се разболите заради влажна коса. Настинка е предизвикана од вирус кој нема никаква врска со влажноста на вашата коса. Сепак, тоа не значи дека спиењето со свежо измиена коса треба да ви стане навика.
Зошто? Бидејќи влажната коса е најслаба, кршлива, што значи дека кога одите во кревет со влажна коса, навистина можете да ја оштетите за време на спиењето и да го забрзате процесот на кршењето.
Сепак, треба да се потенцира дека спиењето со влажна коса нема да предизвика забележителни негативни последици, но секако не се препорачува тоа да се прави секој втор или трет ден.
Спиењето со влажна коса, исто така може да го забрза растот на бактериите и мувлата на перницата и скалпот, но оваа теорија сè уште не е научно потврдена. Но, имајте на ум дека ако имате проблеми со скалпот (алергии или првут), вашата коса треба да биде сува пред спиење.
Заклучок: Спиењето со влажна коса нема да предизвика големо оштетување секогаш. Но, за да се намали ризикот од оштетување на косата (или оние кои се загрижени за алергии и состојби на скалпот), косата секогаш мора да биде целосно сува пред спиење.
извор: alo.rs