Ако косата ти се масти брзо и често: Испробај го овој домашен шампон

Ако косата ти се масти брзо и често: Испробај го овој домашен шампон

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Не само што косата ќе остане чиста подолго, туку и ќе биде побујна.

Чајното дрво е многу лековито растение, а неговата улога во негувањето на убавината честопати се занемарува, пишува Ловесенса. Ова растение го чисти и освежува скалпот и на тој начин спречува вашата коса брзо да се извалка и измасти.

Друга корисна состојка од овој шампон е кокосовото масло, кое ја хидрира косата и поттикнува побрз раст. Еве како да направите шампон што ќе направи вашата коса да изгледа чиста и бујна подолго.

Состојки:

1 чаша зелен чај (сварен и разладен)

1 лажичка масло од кокос

2 лажици течен природен сапун

1 лажица мед

10 капки масло од чајно дрво

30 ml вода

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки освен сапунот. Добро измешајте додека не се комбинираат, а потоа додадете течен сапун. Продолжете со мешање. Ако мешањето е тешко, можете да користите миксер.

На влажна коса нанесете го шампонот, добро тријте и оставете на главата до 5 минути. Исплакнете, а потоа нанесете го саканиот балсам на краевите.

Вашата коса ќе биде видливо чиста, свежа и бујна!

извор:glossy.espreso

Вашата коса е мрсна: Ви нудиме 4 совршени фризури за да го прикриете тој проблем!

Со овие фризури косата ќе ти издржи 6 дена без миење!


Објавена во: После „Школо“ // DIY

Можеби ќе ве интересира: